Собранието го избриша членот 13 од Законот за јавни набавки — измените се усогласени со укажувањата на претседателката Сиљановска-Давкова

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Собранието попладнево, во рамки на 129. седница, го усвои амандманот за бришење на членот 13 од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки. Амандманот беше поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Дафина Стојаноска и Бране Петрушевски, а со неговото усвојување измените на законот се усогласуваат со укажувањата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Пратеникот Бојан Стојаноски, образложувајќи го амандманот пред собранието, истакна дека со бришењето на овој член комплетно се прифаќаат указите од претседателката и дека законот може непречено да биде усвоен. Според него, целта е да се олесни системот и тој да стане попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелоисходен за целата државна управа. Стојаноски додаде дека законските измени се дел од Реформската агенда, а нивната цел е унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција. Со тоа, како што рече, ќе се подобри процесот на јавни набавки, ќе се намалат ризиците од корупција и злоупотреби и ќе се поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти. Според изнесеното во собраниската расправа, со измените се дополнуваат надлежностите на Бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. Пратеникот Стојаноски потенцираше дека законот се носи за да се поттикне реализацијата на проектите и државата да оди напред. Тој изнесе и статистики за реализацијата во градежништвото, споредувајќи ги кварталите на СДС и на ВМРО-ДПМНЕ. Како што наведе, кога ќе се соберат сите 29 квартали на СДС, 14 се негативни, а 15 се позитивни, додека кај ВМРО-ДПМНЕ сите осум квартали се позитивни. Тој посочи и 14,1 процент просечен квартален реален раст на градежништвото, наспроти минус 0,2 кај СДС во 29 квартали. За збор се јави и Фатмир Битиќи од СДСМ, кој рече дека претходно, во текот на комисиската расправа, опозиција

Собранието го избриша членот 13 од Законот за јавни набавки — измените се усогласени со укажувањата на претседателката Сиљановска-Давкова | FinPortal.mk

Собранието попладнево, во рамки на 129. седница, го усвои амандманот за бришење на членот 13 од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни