Собранието ги усвои измените на Законот за јавни набавки: повеќе транспарентност, дигитализација и одговорно трошење на јавните пари
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Собранието на Република Македонија на 122. седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со кои се предвидуваат решенија за модернизација на системот на јавни набавки, зголемување на транспарентноста и конкуренцијата, како и поефикасно и поодговорно користење на јавните средства, соопшти Министерството за финансии. Според Министерството за финансии, измените произлегуваат од досегашните искуства во примената на Законот, од потребата за негово усогласување со актуелните економски услови и од реформските приоритети утврдени во Реформската агенда и во Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Еден од клучните сегменти на новите законски решенија е унапредувањето на Електронскиот пазар на набавки од мала вредност, со цел зголемување на неговата употреба и поттикнување поголема конкуренција меѓу економските оператори. Истовремено, со измените се воведува задолжителна примена на критериумот „најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет“, со што при изборот на најповолната понуда, покрај цената, ќе се земаат предвид и квалитетот и долгорочната оправданост на набавката. Со законските измени се зајакнува и дигитализацијата на јавните набавки преку проширување на надлежностите на Бирото за јавни набавки за користење современи дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција. Целта, како што се наведува, е поефикасно следење на постапките, навремено препознавање ризици и спречување можни злоупотреби. Дополнително, се создава правна основа за воспоставување веб-сервиси и автоматска размена на податоци со други институции и релевантни субјекти. Во насока на зголемување на транспарентноста, се воведува обврска за објавување известување за доброволна претходна транспарентност кај постапките со преговарање без објавување оглас во законски утврдените случаи. Со ова се овозможува поголем увид на јавноста и на економските оператори, а истовремено се поедноставуваат одредени административни процедури. Измените опфаќаат и професионализациј