Словенскиот дефанзивец Бијол призна: Физичката подготвеност е наш најголем проблем пред дуелот со Македонија

FinPortal.mk · 29.9.2026 г.

Словенечката фудбалска репрезентација, слична како Македонија, разочара во првиот натпревар од Лигата на нации, но сепак успеа да освои бод на домашен терен против Шкотска во натпревар што заврши без голови (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани беше најзаслужен што Словенија не загуби на тој дуел, но по натпреварот јасно се отвори темата за слабостите во тимот. Сега Словенците повторно играат на домашен терен, овој пат против Македонија, и свесни се дека мора да бидат значително подобри ако сакаат да го искористат домашниот терен. Дефанзивецот Јака Бијол отворено проговори за тоа кој е најголемиот проблем во словенечката репрезентација. Тој се осврна на дуелот против Шкотска, кога Словенците во второто полувреме целосно беа инфериорни поради слабата физичка подготвеност. „Секогаш сме биле реални; не сме во ситуација да правиме драма околу ова, но секогаш е добро отворено да се разговара. Има многу работи што не се како што треба, особено физичката подготвеност, која не е на потребното ниво. Но, тоа е долгорочен проблем што мораме да го решиме. Желбата е секогаш присутна, одигравме добро прво полувреме на високо ниво, но потоа малку ја плативме цената во вториот дел. Секој треба да преземе одговорност за сопствената физичка подготвеност“, изјави фудбалерот кој настапува во англискиот премиерлигаш Лидс. Бијол анализираше и дека македонските фудбалери не одиграле добро против Швајцарија, но тоа не значи дека треба да бидат потценети. „Македонците знаат како да ја задржат топката во свој посед и да покажат што умеат. Повторно очекуваме многу тежок натпревар. Тие заслужено се во Лига Б иако не покажаа многу против Швајцарците. Очекуваме да одиграат подобро, затоа што ова е клучен натпревар и за нив. Тие се квалитетен тим и ќе мораме добро да се браниме. Но, кога ќе ја освоиме топката, ќе треба да постигнеме гол“, изјави 27-годишниот словенечки репрезентативец. Оваа изјава открива дека Словенија има јасно идентификуван проблем, но и дека е свесна за квалите

Словенскиот дефанзивец Бијол призна: Физичката подготвеност е наш најголем проблем пред дуелот со Македонија | FinPortal.mk

Словенечката фудбалска репрезентација, слична како Македонија, разочара во првиот натпревар од Лигата на нации, но сепак успеа да освои бод на домашен терен про