Словачка бара ЕУ да нема двојни стандарди за Македонија и Западниот Балкан

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Словачкиот министер за надворешни и европски работи Јурај Бланар при официјалната посета на Македонија порача дека Братислава е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија. Тој нагласи дека не може да се прифати европска интеграција заснована на европски стандарди да има различни критериуми за различни држави, пренесе Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски во Скопје. Бланар со својот македонски колега ја повтори силната поддршка на Братислава за европскиот пат на Македонија и нагласи дека Европската Унија мора да испрати јасен сигнал до земјите од Западен Балкан дека членството е реална перспектива. Словачкиот министер побара Европската Унија да ја врати довербата во процесот на проширување и да покаже дека членството е реална перспектива за регионот. Шефот на словачката дипломатија ја посочи Македонија како успешен пример во имплементацијата на Планот за раст, нагласувајќи ја важноста од конкретни резултати и јасна европска перспектива за регионот. Според него, токму конкретните резултати и предвидливиот процес се она што треба да ја врати довербата на земјите кандидати во европската интеграција. Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски ја истакна важноста на принципиелната поддршка од Словачка и ја потврди посветеноста на Владата на Реформската агенда. Муцунски нагласи дека очекувањето е јасно: процесот на европска интеграција да биде кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, а напредокот да се оценува според утврдените критериуми и стандарди. Главен фокус на разговорите беше ставен на натамошното унапредување на билатералните односи и реафирмирањето на словачката поддршка на македонскиот процес на европска интеграција, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија по средбата на министрите. На средбата беше заеднички оценето дека односите меѓу двете земји се на високо ниво, при што беше изразен особен интерес за продлабо

Словачка бара ЕУ да нема двојни стандарди за Македонија и Западниот Балкан | FinPortal.mk

Словачкиот министер за надворешни и европски работи Јурај Бланар при официјалната посета на Македонија порача дека Братислава е против какви било двојни стандар