Слепите и слабовидните бараат поголема пристапност: недостиг на бел стап, тактилни патеки и звучни семафори
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Во Собранието се одржа дебата посветена на правата и секојдневните проблеми на слепите и слабовидните лица во Македонија, на која учесниците уште еднаш укажаа на бројните бариери со кои се соочуваат и побараа поголема физичка и дигитална пристапност. Како најголеми проблеми беа посочени недостигот од бел стап, тактилни патеки и функционални звучни семафори, но и узурпираните тротоари од автомобили, што дополнително го отежнува самостојното и безбедно движење низ градовите. На настанот говореа и две девојки, Беира и Кети, кои ги пренесоа своите лични искуства и побараа институциите посериозно да пристапат кон решавањето на овие прашања. Нивната порака беше јасна: државата мора да им го олесни животот. Во дебатата беше посочено дека пристапноста не треба да се сфаќа како поволност, туку како основен предуслов за самостојно и достоинствено живеење. Посебен акцент на дебатата беше ставен на поддршката кај децата со оштетен вид. Според изнесеното, таа опфаќа учење како да се ориентираат во просторот, безбедно да се движат, да се грижат за себе и да користат помагала. Со тоа се нагласува потребата од рана и системска поддршка што ќе им овозможи подобра интеграција и поголема независност во секојдневието. Покрај физичките бариери, на дебатата беше отворен и проблемот со дигиталната пристапност. Беше побарано таа да стане правило, а не исклучок, затоа што, како што беше наведено, услугите на НР мои и голем дел од јавните дигитални платформи сè уште не ги исполнуваат стандардите за пристапност. Во таа насока беше истакнато дека веб-страниците и апликациите треба да овозможуваат користење со тастатура, гласовна контрола и асистивни уреди. Од надлежните беше порачано дека се вложуваат напори за подобрување на животот на слепите и слабовидните лица. Во обраќањата беше истакната и пошироката општествена цел – да се создаде средина во која различностите се почитуваат, бариерите се надминуваат и секој човек има реална можност да живее самостојно и достоинствено. Сепак, една од сла