Славески: Структурните реформи носат до 14 отсто поголем БДП и побрза конвергенција кон ЕУ

FinPortal.mk · 2.10.2026 г.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изјави дека структурните реформи имаат потенцијал значително да ја забрзаат конвергенцијата на македонската економија кон Европската Унија, при што проценките покажуваат дека комбинацијата од реформи во пазарот на трудот, човечкиот капитал, деловното окружување и доброто управување може да го зголеми бруто-домашниот производ на земјава за околу 14 проценти. Славески ова го порача на Годишната меѓународна конференција насловена „Координација на политиките за конвергенција кон ЕУ: фискален простор и монетарно закотвување во услови на забрзана интеграција“, која се одржа во Кишињев, Молдавија, во организација на Народната банка на Молдавија. Според гувернерот, таквото зголемување на БДП би се остварило доколку се затвори половина од јазот што постои во однос на водечките економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Говорејќи на панел-дискусијата насловена „Интеграција во единствениот пазар и структурна конвергенција“, Славески истакна дека реалната конвергенција на земјите од Западен Балкан сè уште е бавна и дека структурните реформи се од суштинско значење за зајакнување на потенцијалот за раст и за побрзо економско приближување кон Европската Унија. Гувернерот нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создала цврста основа за развој на македонската економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го промениле економскиот и извозниот профил на земјата. Како илустрација за тоа, тој посочи дека во 2025 година трговската отвореност достигнала околу 130 проценти од БДП, што претставува речиси двојно зголемување во споредба со раниот период на транзицијата. Во однос на потребната реформска агенда, Славески посебно ги издвои институционалните реформи и реформите во областа на доброто управување. Според него, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и поголемата предвидливост ќе ја подобрат инвестициската к

Славески: Структурните реформи носат до 14 отсто поголем БДП и побрза конвергенција кон ЕУ | FinPortal.mk

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изјави дека структурните реформи имаат потенцијал значително да ја забрзаат конвергенцијата на македонската екон