Славески со Светската банка: Инстант плаќања и поврзување со европскиот платежен систем
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средби со високи претставници на Светската банка на кои беше потврдена активната поддршка на оваа меѓународна финансиска институција за напорите на домашниот финансиски систем да се интегрира во европската платежна инфраструктура. Средбите се одржаа во рамките на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светската банка, каде што беа разгледани тековните активности и следните чекори за модернизација на платните системи, дигитализација на плаќањата и натамошно усогласување на националната регулатива со европската правна рамка. На средбите учествуваа заменик-претседателката на Светската банка, Антонела Басани, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува нашата земја, Јуџин Ругенат. Според соопштението, Светската банка активно ги поддржува активностите на Народната банка за интегрирање на домашниот финансиски систем во европската платежна инфраструктура, со посебен акцент на воспоставувањето национален систем за инстант плаќања, неговото регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирањето со ТИПС – системот за порамнување на инстант плаќањата на Европската централна банка. Гувернерот Славески на средбите истакна дека една година по приклучувањето на нашата земја кон Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, оваа иницијатива прерасна во водечки канал за извршување и примање прекугранични плаќања во евра. Според него, таа носи конкретни и видливи придобивки за граѓаните и бизнис-заедницата, но и за економијата во целина. Како приоритет на Народната банка во овој период е определено воспоставувањето национална платформа за инстант плаќања, заснована врз моделот на европскиот систем ТИПС. Овој чекор, како што беше нагласено, ќе претставува значаен исчекор во модернизацијата на домашната платежна инфраструктура. По воведувањето на инстант плаќањата на домашниот пазар, следниот чекор ќе биде регионалното поврзување со платните