Славески: Мислев на српските медиуми, не на македонските — извинување до новинарите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, јавно ја појасни својата изјава во емисијата „Топ тема“ на Телма, во која претходно рече дека „медиумите ја урнаа банката“, откако неговите зборови предизвикаа реакции во македонската јавност. Во соопштението објавено на неговиот профил на Х, Славески нагласува дека во тој дел од емисијата зборувал исклучиво за случувањата околу Алта банка од Белград, а не за Алта банка АД Битола. Според појаснувањето, Славески изнел став за една од можните причини за брзото пропаѓање на српската Алта банка, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации што циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на банката. Тој наведува дека до него допираат информации оти наводно вперил прст кон домашните медиуми, што, како што вели, не било негова намера. „Сакам да појаснам дека во тој дел од емисијата зборував за случувањата поврзани со Алта банка во Србија и за објавите во тамошните медиуми во врска со одливот на средства од банката. Во ниту еден момент не мислев на Алта банка АД Битола, ниту, пак, сакав да ја доведам во прашање професионалноста на македонските медиуми. Тоа беше смислата на мојот одговор“, се наведува во соопштението на гувернерот. Во однос на случувањата во Македонија, Славески оценува дека прес-конференциите на СДСМ придонесоа за создавање недоверба и дополнителен притисок, во чиј контекст беше воведена и заштитната мерка за ограничување на исплатите на 10.000 денари неделно. Тој додава дека особено тешко му паѓа доколку неговата изјава е разбрана поинаку од новинари и припадници на новинарската фела чија работа, како што наведува, исклучително ја почитува и чии текстови редовно ги чита. „Доколку со мојата формулација, макар и ненамерно, сум навредил некого од новинарската фела, искрено се извинувам. Тоа во никој случај не беше мојата намера“, се вели во појаснувањето на Славески. Изјавата на гувернерот доаѓа во период кога

Славески: Мислев на српските медиуми, не на македонските — извинување до новинарите | FinPortal.mk

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, јавно ја појасни својата изјава во емисијата „Топ тема“ на Телма, во која претходно рече дека „медиумите ја урна