Славески: Истиот ризик важи и за банкарските кредити и за оние од интернет платформите

FinPortal.mk · 25.9.2026 г.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, порача дека ризикот при кредитирањето е ист без разлика дали кредитот е одобрен во традиционална банка или преку некоја од интернет платформите, и во двата случаи довербата не смее да се наруши. Оваа порака тој ја упати во своето обраќање на Конференцијата „Микробалканс 2026 – Кредитирањето од нова перспектива“, каде што говореше за иднината на кредитирањето и за промените што ги носи технологијата во финансискиот сектор. Според Славески, иднината на кредитирањето треба да значи попаметен, поинклузивен и поодговорен пристап кон кредитите. „Доколку успееме да ги споиме иновациите со стабилноста, технологијата со довербата, а конкуренцијата со одговорноста, тогаш ќе можеме да кажеме дека создаваме нова перспектива за кредитирањето“, рече гувернерот во своето обраќање. Тој посочи дека технолошкиот развој, поголемата достапност на податоците и појавата на нови деловни модели ги поместуваат границите меѓу традиционалното банкарство и небанкарските финансиски услуги. Овој тренд е особено видлив на меѓународно ниво – според податоците на Одборот за финансиска стабилност, во 2024 година небанкарскиот финансиски сектор во светот растел двојно побрзо од банкарскиот, додека во Европската Унија небанкарските извори обезбедуваат речиси една четвртина од кредитирањето на нефинансиските компании. За разлика од развиените финансиски системи, македонскиот финансиски систем и понатаму е претежно ориентиран кон банкарскиот сектор. Активата на банките зазема околу три четвртини од вкупната актива на финансискиот систем, што покажува дека домашниот пазар сè уште во голема мера зависи од класичното банкарско кредитирање. Сепак, податоците што ги изнесе Славески покажуваат дека небанкарското кредитирање рапидно расте. Во изминатите пет години, од 2020 до 2025 година, кредитирањето од небанкарските финансиски институции – финансиските друштва и лизинг-компаниите – растеше со просечна годишна стапка од 22,3 отсто. Во истиот период, кредитирање

Славески: Истиот ризик важи и за банкарските кредити и за оние од интернет платформите | FinPortal.mk

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, порача дека ризикот при кредитирањето е ист без разлика дали кредитот е одобрен во традиционална банка или преку