Славески: Иновациите во кредитирањето мора да одат рака под рака со одговорноста и заштитата на клиентите

FinPortal.mk · 24.9.2026 г.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес на Конференцијата „Микробалканс 2026 – Кредитирањето од нова перспектива“ порача дека иднината на кредитирањето треба да биде попаметна, поинклузивна и поодговорна, и дека токму спојувањето на иновациите со стабилноста, на технологијата со довербата и на конкуренцијата со одговорноста е патот кон нова перспектива за кредитирањето. Во своето воведно обраќање тој оцени дека технолошкиот развој, поголемата достапност на податоците и појавата на нови деловни модели ги поместуваат границите меѓу традиционалното банкарство и небанкарските финансиски услуги. Според гувернерот Славески, овој тренд е особено видлив на меѓународно ниво. Податоците на Одборот за финансиска стабилност покажуваат дека во 2024 година небанкарскиот финансиски сектор во светот растел двојно побрзо од банкарскиот, додека во Европската Унија небанкарските извори обезбедуваат речиси една четвртина од кредитирањето на нефинансиските компании. Тој нагласи дека, за разлика од развиените финансиски системи, македонскиот финансиски систем и понатаму е претежно ориентиран кон банкарскиот сектор, при што активата на банките зазема околу три четвртини од вкупната актива на финансискиот систем. Гувернерот изнесе и конкретни бројки за движењата во домашниот финансиски сектор. Во изминатите пет години, од 2020 до 2025 година, кредитирањето од небанкарските финансиски институции – финансиските друштва и лизинг-компаниите – растеше со просечна годишна стапка од 22,3 отсто. Во истиот период, кредитирањето од страна на банките кон нефинансиските друштва и домаќинствата се зголеми со просечна годишна стапка од 9,6 отсто. Сепак, како што посочи Славески, овие компании и понатаму имаат релативно мал удел, од околу 2,5 отсто од вкупната актива на финансискиот систем. Во продолжение на обраќањето, гувернерот предупреди дека технологијата не ги елиминира основните ризици во кредитирањето. Како што истакна, кредитниот ризик останува кредитен ризик, без оглед на тоа дали

Славески: Иновациите во кредитирањето мора да одат рака под рака со одговорноста и заштитата на клиентите | FinPortal.mk

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес на Конференцијата „Микробалканс 2026 – Кредитирањето од нова перспектива“ порача дека иднината на кредитир