Славески им честита на македонските средношколци за бронзениот медал на Меѓународната економска олимпијада во Шенжен

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес оствари средба со македонските средношколци кои учествуваа на 9. меѓународна економска олимпијада, одржана во кинескиот град Шенжен, каде што македонскиот национален тим освои бронзен медал. На средбата, Славески им го честиташе успехот на членовите на тимот и ја истакна нивната улога како вистински амбасадори на македонското знаење, пример за своите врсници и силен поттик за понатамошно вложување во знаењето и развојот на човечкиот капитал. „Народната банка е посветена на финансиска едукација и инклузија на младите зашто вложувањето во нивните знаења и вештини е инвестиција во развојот на државата“, порача гувернерот Славески, нагласувајќи дека добро информираните и финансиски писмени млади се важен предуслов за стабилна и просперитетна економија. Според него, средношколците кои денес со своите знаења ја претставуваат земјата на меѓународната сцена, утре ќе бидат носители на иновации, претприемаштво и економски развој. Гувернерот посебно го истакна успехот на Теа Ангелова, ученичка во втора година во Меѓународното училиште „НОВА“ во Скопје, која освои бронзен медал, како и второ место на Говори на младите во рамките на ИЕОкс (IEOx Youth Talks). Тој потенцираше дека ваквите резултати се потврда дека вложувањето во знаењето и талентот на младите е најважната инвестиција во иднината на земјата. Во националниот тим, покрај Теа Ангелова, своите знаења на Олимпијадата ги покажаа и учениците Ванеса Томова од ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје, прва година, Оливера Џамбазова од СУГС „Орце Николов“ Скопје, втора година, Стефан Младеновски од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, трета година, како и Георги Јаковлев од ПСУ „Јахја Кемал“ Струга, трета година. Нивни ментори за подготовките и во текот на Олимпијадата беа проф. д-р Анета Гацовска Барандовска и ас. м-р Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На средбата со гувернерот, учениците ги споделија своите искуства од натпреварот, на

Славески им честита на македонските средношколци за бронзениот медал на Меѓународната економска олимпијада во Шенжен | FinPortal.mk

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес оствари средба со македонските средношколци кои учествуваа на 9. меѓународна економска олимпијада, одржана