Славески: Девизните резерви над пет милијарди евра, основната каматна стапка останува на 4,25 отсто

FinPortal.mk · 17.9.2026 г.

Монетарната поставеност на земјата останува соодветна, а основната каматна стапка е задржана на нивото од 4,25 отсто, изјави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостувањето во централниот дневник на Македонската телевизија, каде што говореше за последната одлука на Извршниот одбор, состојбата со девизните резерви, инфлацијата и економскиот раст. Според гувернерот, Народната банка располага со сите потребни инструменти за да реагира доколку условите го наложат тоа. „Народна банка ги носи одлуките врз основа на сериозна анализа на макроекономските состојби, ценејќи ги, во секој случај, состојбите во неизвесното окружување и слично“, посочи Славески, објаснувајќи ја последната одлука на Извршниот одбор за задржување на основната каматна стапка. Во однос на стабилноста на економијата и девизниот курс, гувернерот истакна дека девизните резерви се на ниво од околу 5,1 милијарда евра, што е приближно двојно повеќе од претпандемиското ниво во 2019 година. Тој нагласи дека резервите претставуваат значаен инструмент за одржување на стабилноста на номиналниот девизен курс, при што Народната банка интервенира на девизниот пазар со продажба или откуп на девизи, зависно од состојбите на пазарот. Како што посочи Славески, растот на резервите е поткрепен со поволните движења во екстерниот сектор, односно со извозот и увозот, странските директни инвестиции и портфолио-инвестициите. „Не само што се надомести она што беше потрошено за интервенции туку и девизните резерви значително пораснаа“, истакна гувернерот, додавајќи дека ваквите тенденции се важни за одржувањето на макроекономската стабилност. Во однос на инфлацијата, последните податоци покажуваат умерени движења. Годишната инфлација изнесуваше 2,3 отсто во јули, а во август 2,6 отсто, што значи дека цените во август во однос на јули пораснаа за 0,4 отсто. Според гувернерот, августовските податоци покажуваат релативно ограничен пренос на турбуленциите поврзани со движењата на цените на енергентите и суровата нафт

Славески: Девизните резерви над пет милијарди евра, основната каматна стапка останува на 4,25 отсто | FinPortal.mk

Монетарната поставеност на земјата останува соодветна, а основната каматна стапка е задржана на нивото од 4,25 отсто, изјави гувернерот на Народната банка, Трај