Скопскиот маратон со рекордни 15.020 учесници: градот денес дише во ритамот на спортот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Скопје денес е домаќин на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, кој годинава собра рекордни 15.020 натпреварувачи од 63 земји. Стартот на маратонот утрово го означија градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за спорт, Борко Ристовски, со што главниот град уште еднаш се најде во центарот на спортскиот настан од национално значење. Ѓорѓиевски по повод стартот порача дека Скопје денес е во знакот на спортот, а илјадниците учесници со различни цели и лични приказни ги исполнија улиците на главниот град. „Скопје е на нозе! 15.020 учесници, илјадници лични приказни и еден град што денес дише во ритамот на спортот“, објави градоначалникот, нагласувајќи дека заедно со министерот Ристовски го означиле почетокот на маратонот и дека од стартната линија била испратена порака за истрајност, заедништво и верба во сопствените можности. Според него, секој од учесниците трча со своја цел, со своја мотивација и со своја приказна, а со секој нивен чекор заедно се пишува најубавата спортска приказна на градот. „Скопје денес е домаќин на рекордни 15.020 учесници кои ги исполнуваат нашите улици со енергија, решителност и желба да ги поместат сопствените граници“, порача Ѓорѓиевски. Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот изрази уверување дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување. „Нашата заложба е овој маратон да продолжи да расте, а спортот да биде сè поприсутен во животот на нашиот град“, додаде тој. Ѓорѓиевски упати и повик до скопјани да ги бодрат тркачите долж патеката, со порака дека аплаузот и бодрењето им даваат дополнителна сила на сите што денес трчаат низ градот. „На сите учесници им посакувам успешна трка, лесен чекор и силна волја до целта! На скопјани им упатувам повик со аплауз и бодрење да им дадеме дополнителна сила на сите што денес трчаат низ нашиот град“, порача градоначалникот. Годинашното издание на Скопскиот маратон е рекордно според бројот на пријавени уче