Скопје домаќин на втората меѓународна конференција за аутизам „Низ призмата“ — бесплатен влез и симултан превод за сите учесници
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Од 18 до 20 ноември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на втората меѓународна конференција за аутизам под наслов „Низ призмата“, која ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“. Настанот, организиран од Фондацијата „д-р Верица Механџиска“, на едно место ќе ги обедини најистакнатите домашни и глобални експерти, лекари, терапевти, едукатори, лица со аутизам и родители, со цел светската наука да се сретне со реалните животни приказни. Со цврста верба дека знаењето мора да биде достапно за сите, Фондацијата „д-р Верица Механџиска“ целосно финансиски го покрива настанот, нудејќи бесплатен влез и симултан превод за сите присутни. Организаторите нагласуваат дека поради огромниот интерес и ограничениот капацитет на салите, онлајн регистрацијата е задолжителна, а учесниците можат да ја персонализираат својата програма и да ги добијат своите бесплатни билети преку платформата tix.mk. Наместо суви академски предавања, програмата со преку 60 различни сесии нуди вистински решенија за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со аутизам и нивните семејства. Учесниците ќе можат да слушнат најнови откритија од професори од САД, Холандија, Израел, Италија, Шпанија, Англија, Швајцарија и регионот, но и да учествуваат во панел-дискусии за менталното здравје на семејствата, за предизвиците во образованието и за самостојниот живот на лицата со аутизам. Посебен белег на настанот е консултативното катче „ФОКУС“, каде родителите ќе можат директно да разговараат со експертите за индивидуални предизвици и практични стратегии при хранењето, комуникацијата и развојот на своите деца. Овој формат на директна комуникација помеѓу семејствата и стручњаците претставува значајна можност за размена на искуства и добивање конкретни совети прилагодени на потребите на секое дете. Конференцијата „Низ призмата“ по втор пат се организира во Скопје, што го потврдува континуираниот ангажман на Фондацијата „д-р Верица Механџиска“ за подигнување на свеста и подобрување на условите за лицата со аутизам во зе