Скопје домаќин на светска научна конференција за геотехника: околу 600 професори од целиот свет дискутираат за инженерските предизвици во градежништвото

FinPortal.mk · 16.9.2026 г.

Скопје оваа година е домаќин на еден од најголемите светски собири во областа на градежништвото и геотехниката, каде околу 600 професори од целиот свет дискутираат за најголемите инженерски предизвици во оваа област. Научната конференција „Eurock 2026“ се одржува во организација на Друштвото за геотехника на Македонија, а Градежниот факултет е коорганизатор на настанот, информираше денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се пред присутните на конференцијата. Николоски во своето обраќање истакна дека престиж е тоа што Македонија е домаќин на еден од најголемите собири во делот на градежништвото, каде неколку стотини професори од целиот свет дискутираат за инженерските предизвици во градежништвото. Тој потенцираше дека државата и научната и стручна јавност имаат нераскинлива врска во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти во државата, нагласувајќи ги крупните капитални инвестиции за кои, како што рече, научната јавност има силно влијание во решавање на комплексните инженерски решенија. Според Николоски, Македонија има стратешка позиција на Балканот, каде се пресекуваат двата транспортни коридори 8 и 10, што ја прават државата централна транзитна држава на европскиот транспорт. Во таа насока, тој истакна дека Владата го реализира најобемниот инвестициски циклус од неколку милијарди евра во изградба и модернизација на патната и железничката мрежа во државата. Во такви услови, како што се обрати заменик претседателот на Владата, инженерската експертиза има силно влијание во реализацијата на проектите. Николоски го објасни и изборот на Скопје како домаќин на овогодинешниот собир, поврзувајќи го со успехот што Градежниот факултет го постигнал во 2023 година. „Скопје и Македонија имаат чест да се домаќини оваа година и тоа не е случајно, тоа е заради победата која што во 2023-та година Градежниот факултет ја однесе на собирот во Салцбург, каде што го освои првото место во делот на иновативност и затоа ов

Скопје домаќин на светска научна конференција за геотехника: околу 600 професори од целиот свет дискутираат за инженерските предизвици во градежништвото | FinPortal.mk

Скопје оваа година е домаќин на еден од најголемите светски собири во областа на градежништвото и геотехниката, каде околу 600 професори од целиот свет дискутир