Скопје домаќин на MicroBalkans 2026: Регионална дискусија за иднината на микрофинансирањето и кредитирањето
FinPortal.mk · 18.9.2026 г.
Скопје од 24 до 25 септември ќе биде домаќин на регионалната конференција MicroBalkans 2026, која по Сараево и Дубровник, во главниот град на Северна Македонија ја носи дискусијата за иднината на кредитирањето, микрофинансирањето и новите модели на финансирање. Настанот, кој се одржува под мотото „Lending Reimagined“, ќе обедини над 200 учесници од повеќе од 15 земји, со цел да ги поврзе финансиските институции, инвеститорите, регулаторите, претприемачите и експертите од земјата, регионот и Европа. Како што најавуваат организаторите, фокусот на конференцијата ќе биде ставен на неколку клучни прашања: како ќе изгледа финансирањето на бизнисите во иднина, кои можности ги отвораат дигитализацијата, финтек иновациите и алтернативните модели на финансирање, како и како да се олесни пристапот до капитал за граѓаните, претприемачите и микро, малите и средните претпријатија во услови кога сè потешко се доаѓа до средства преку традиционалните извори на финансирање. На конференцијата свое воведно обраќање ќе има проф. д-р Трајко Славески, гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Во својата изјава тој истакна дека финансискиот сектор има значајна улога во економскиот развој преку насочување на капиталот кон продуктивни инвестиции и претприемништво. „Во услови на забрзана дигитализација и технолошки развој, финансискиот систем се трансформира, што бара навремено следење на новите трендови и ризици. MicroBalkans 2026 е значајна можност за размена на искуства за новите модели на финансирање, дигитализацијата и примената на новите технологии, како и за продлабочување на регионалната соработка. За Народната банка, развојот на стабилен, сигурен и ефикасен финансиски систем, усогласен со европските и меѓународните стандарди, останува приоритет“, посочува Славески. Во официјалниот дел и на церемонијата на отворање, свои обраќања ќе имаат и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија