Скопје домаќин на јубилејниот десетти Меѓународен научен конгрес ICON BEST 2026

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Универзитетот „Скопје“ е домаќин на десеттото јубилејно издание на Меѓународниот научен конгрес ICON BEST 2026, кој се одржува под мотото „Дигитални хоризонти: Паметна економија и интелигентен туризам“. На конгресот учествуваат десет ректори, претставници од 20 држави и повеќе од 100 учесници, кои ги обединуваат научниците, академските лидери и меѓународните експерти во дискусија за влијанието на вештачката интелигенција, дигитализацијата и технолошките иновации врз економијата, туризмот и образованието. Според соопштението на Универзитетот „Скопје“, посебен акцент на конгресот е ставен на меѓународната соработка и поврзувањето на академската заедница со бизнис-секторот. Конгресот свечено го отвори ректорот на Универзитетот „Скопје“, проф. д-р Аце Миленковски, кој им посака добредојде на меѓународните гости и учесници, истакнувајќи го значењето на научната размена, современото образование и меѓународното академско поврзување. Меѓу истакнатите учесници на конгресот се проф. д-р Иво Јосиповиќ, поранешен претседател на Република Хрватска, проф. д-р Александар Зиданшек, проф. д-р Орхан Хикмет Азизоглу, проф. д-р Антонио Карлес, проф. д-р Едуардо М. Пичирили и Јоланда Пердомо, меѓународен експерт за туризам и поранешен висок функционер на Светската туристичка организација на Обединетите нации. Поранешниот претседател на Република Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ, говорејќи за иднината на Европа, ја истакна потребата од европско единство, поголема конкурентност и посилна соработка меѓу академската заедница и бизнис-секторот. „Европа мора да биде силна и сигурна, само обединета може да биде конкурентна на светот. За македонската економија да ги почувствува бенефитите и да биде дел од Европа, мора да има соработка меѓу академската заедница и бизнис-секторот“, порача Јосиповиќ во своето обраќање пред присутните. Јоланда Пердомо во своето обраќање ја нагласи сè поголемата улога на технологијата во развојот на услугите и индустриите со најбрз раст. „Технологијата станува клуч

Скопје домаќин на јубилејниот десетти Меѓународен научен конгрес ICON BEST 2026 | FinPortal.mk

Универзитетот „Скопје“ е домаќин на десеттото јубилејно издание на Меѓународниот научен конгрес ICON BEST 2026, кој се одржува под мотото „Дигитални хоризонти: