Скопје домаќин на Граѓански форум за европската иднина: граѓаните како активни учесници, не набљудувачи

FinPortal.mk · 27.9.2026 г.

Во Скопје се одржува Граѓанскиот форум со наслов „Граѓаните во срцето на процесот на проширување на ЕУ“, настан што го организира Групата за поддршка на демократијата и изборна координација на Европскиот парламент, во соработка со Собранието на Република Северна Македонија. Форумот собра 50 избрани граѓани, членови на Европскиот парламент, пратеници во македонското Собрание и национални експерти, кои преку отворен дијалог и дискусии разговараат за европската интеграција на земјата, процесот на проширување на Европската Унија и улогата на граѓаните во демократските процеси. Форумот официјално го отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши. На отворањето се обратија и членовите на Делегацијата на Европскиот парламент: Лукас Мандл, член на Европскиот парламент од Австрија и водечки член за Западен Балкан во областа на поддршка на демократијата; Томас Вајц, член на Европскиот парламент од Австрија и известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија; и Бранислав Ондруш, член на Европскиот парламент од Словачка. Во своето обраќање, претседателот на Собранието Гаши истакна дека партиципативната демократија подразбира граѓаните да имаат постојана можност да учествуваат во креирањето на политиките, да поставуваат прашања, да предлагаат решенија и да бараат одговорност од институциите. Тој посочи дека Собранието има посебна одговорност во овој процес, имајќи предвид дека пратениците се директниот глас на граѓаните, упатувајќи порака дека гласот на граѓаните, очекувањата и критиките се многу важни. „Европската интеграција ќе има вистинска вредност само доколку граѓаните се чувствуваат како активни учесници, а не како набљудувачи на процесот“, порача Гаши во своето обраќање пред присутните на форумот. Лукас Мандл, преку видео-порака, истакна дека Граѓанскиот форум претставува пример за партиципативна демократија во пракса, нагласувајќи ја важноста од заедничкото градење посилна и пообединета европска иднина. Неговото обраќање беше насочено кон значењето на вклучувањет

Скопје домаќин на Граѓански форум за европската иднина: граѓаните како активни учесници, не набљудувачи | FinPortal.mk

Во Скопје се одржува Граѓанскиот форум со наслов „Граѓаните во срцето на процесот на проширување на ЕУ“, настан што го организира Групата за поддршка на демокра