Скопје домаќин на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг: вештачката интелигенција и дигитализацијата ја менуваат финансиската професија
FinPortal.mk · 15.9.2026 г.
Вештачката интелигенција, дигитализацијата и потребата од нови компетенции сè повеќе го менуваат начинот на кој компаниите управуваат со финансиите и го планираат својот развој, а токму овие промени ќе бидат во фокусот на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг, која ќе се одржи на 30 септември 2026 година во Скопје. Конференцијата, во организација на Хајделберг Факултетот во Скопје (Heidelberg Business School), ќе обедини академици, експерти од индустријата, финансиски директори и претставници на институциите, со цел да се отворат клучните прашања за иднината на контролингот и финансиското управување. Годинешната главна тема на конференцијата е „Актуелни предизвици во контролингот – ВИ, дигитализација и преквалификација (Reskilling)“. На официјалното отворање ќе се обрати Проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Бордот на директори на Хајделберг, а свои обраќања ќе имаат и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски и директорката на УЈП, Елена Петрова. Посебен акцент на конференцијата ќе биде ставен на искуствата и практиките од Германија и Европа, преку учество на истакнати експерти од областа на финансиите и контролингот. „Компаниите мора да разберат кои се компетенциите што ќе го водат нивниот деловен успех во иднина, особено во ерата на забрзана дигитализација“, истакнува Проф. д-р Мајк Шулц, вицепретседател и професор на CBS International Business School во Мајнц, кој ќе одржи експертско предавање посветено на иднината на контролингот. На конференцијата ќе учествува и Проф. д-р Роналд Глеих, академски директор во Frankfurt School of Finance & Management и еден од водечките креатори на конференцијата. „По извонредниот успех на ланската, шеста по ред конференција, која ги постави темелите за модерните финансиски практики, оваа година одиме чекор понатаму. На само неколку недели пред почетокот на 7-то издание, се наоѓаме во клучен момент каде што вештачката интелигенција и дигитализацијата бараат итна адаптација од секоја компанија. Оваа ко