Синдикатот УПОЗ бара разрешување на претседателката на Основниот суд Куманово поради навреди кон вработените

FinPortal.mk · 22.9.2026 г.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска побара разрешување на претседателката на Основниот суд во Куманово, Снежана Манев, поради, како што беше соопштено, постојан мобинг и навреди на лична, верска и национална основа кон вработените во судската администрација. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, на прес-конференција изјави дека Манев подолго време ги навредувала вработените и побара нејзина оставка. Според податоците изнесени на прес-конференцијата, од вкупно 90 вработени во судската администрација, 75 ја потпишале претставката против претседателката. Вработените, како што беше кажано, за време на паузата излегле пред судот за да го изразат своето незадоволство од атмосферата и условите во кои работат. Деаноски пренесе дел од навредите кои, според него, секојдневно им се упатуваат на вработените. „Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете, ќе ве запалам, ќе ве ставам под нозе, прво ќе те умрам па ќе напуштам работа, вие од овој суд може да заминете само со брза помош“, се само дел од зборовите што Манев наводно ги изговарала кон вработените. Деаноски додаде дека пцостите кои ги упатува кон вработените, нему лично му е срам да ги изговори. Тој нагласи дека ваквите зборови секојдневно се упатуваат до вработените во судот, и тоа најчесто пред странки и граѓани. Според него, тоа се само дел од навредите кои вработените секојдневно ги трпат, а претседателката ги навредува и по верска и национална основа. Деаноски потсети дека истото било евидентирано и во извештајот на Судскиот совет во 2023 година, односно дека претседателот на Основниот суд Куманово во голема мера ги има нарушено меѓучовечките односи во судот. Претседателот на УПОЗ изјави дека вработените неколкупати досега се обраќале до Судскиот совет и Министерството за правда, но дека немало реакција. Единствено, како што рече, двајца претставници од Судскиот совет дошле да проверат дали потписите на вработените се автентични, но не и да преземат нешт

Синдикатот УПОЗ бара разрешување на претседателката на Основниот суд Куманово поради навреди кон вработените | FinPortal.mk

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска побара разрешување на претседателката на Основниот суд во Ку