Синдикатот бара еднаквост: ако се намалуваат празниците на работниците во производство, тогаш нека се намали и „дремењето“ во администрацијата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Реакцијата на синдикалната претставничка Ина Многуфина предизвика широка јавна дебата откако таа остро го критикуваше предлогот на Стопанската комора на Македонија за намалување на неработните денови, но и најавените измени за скратување на боледувањето. Таа изрази силно незадоволство од тоа што, како што вели, товарот од новите мерки повторно ќе падне врз работниците во производството, додека дел од јавната администрација ќе остане заштитен. „Ќе се најде начин боледувањето од 7 да се намали на 5 дена без специјалистички, ќе се најде начин да се намалат деновите за Павлина од погон или шивална да може да работи и тогаш, само за дел од јавна администрација што дреме по кафиња, на фризер, депилација и нокти никако да се најде начин да се соберат во канцеларија“, напиша Многуфина во својата реакција. Нејзината реакција следува откако Стопанската комора на Македонија подготви предлог-измени на Законот за празниците, кои треба да бидат доставени до Министерството за економија и труд. Според предлогот, секој вработен би имал најмногу 13 неработни дена по основ на празници годишно. Покрај 11-те празници што важат за сите граѓани, вработениот при склучување на договорот за работа би избирал уште два празника од оние што се однесуваат на верските или етничките заедници. Дополнително, со предлогот се предлага празниците што паѓаат во недела повеќе да не се префрлаат како неработен ден во првиот нареден работен ден. Од Стопанската комора велат дека не предлагаат укинување на празниците, туку промена на начинот на нивното користење. Според нив, сегашниот систем создава организациски и финансиски тешкотии за работодавачите, а честите продолжени викенди негативно влијаат врз продуктивноста. Одделно, со најавени измени на друг закон се предвидува матичните лекари самостојно да можат да одобрат боледување без специјалистички наод најмногу пет дена, наместо досегашните седум. За одредени дијагнози се предвидени исклучоци. Оваа реакција на Многуфина доаѓа во момент кога темата за раб