Синдикатите бараат плата по работен час, Владата вели дека прво треба анализи

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Идејата вработените да се плаќаат по работен час, која ја иницираше Сојузот на стопански комори, наиде на поддршка кај Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Од синдикатот сметаат дека е време да се смени методологијата за пресметка на платите, додека Владата порачува дека е отворена за дијалог, но инсистира прво да се направат анализи пред каква било одлука. Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски, на денешната конференција за минималната плата објасни зошто сметаат дека постојниот систем треба да се менува. Според него, основната причина е тоа што секој месец има различен број работни денови, поради што работниците со иста месечна плата всушност работат различен број денови. Ралповски наведе пример со февруари, кога има 20 работни дена, и јули, кога има 23, што значи дека работниците во јули работат три дена повеќе отколку во февруари. „Време е за промена на методологијата за минималната плата и претварање на минималната плата во минимален работен час, од причина што секој месец имаме различен број на работни денови. Ако земеме февруари со 20 и јули со 23, знаеме дека работниците работат три дена повеќе во јули. Нашата цел е со ваквото претварање на минималната плата од минимална плата во работен час, да почнат по вертикала да растат сите плати, не само минималната, туку сите плати, не само во јавниот сектор, туку и сите плати во приватниот сектор“, изјави Ралповски. Од КСС засега не дадоа конкретен одговор на прашањето дали се согласуваат саатнината да остане 150 денари или е потребно нејзино покачување. Синдикатот денеска организираше конференција посветена на минималната плата, на која се разговараше за можните измени во методологијата. Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески нагласи дека какво и решение да се донесе, тоа треба да произлезе од конструктивен дијалог со сите социјални партнери. Според него, решенијата не смеат да бидат политичка одлука што би предизвикала потрес во економијата, бидејќи, како

Синдикатите бараат плата по работен час, Владата вели дека прво треба анализи | FinPortal.mk

Идејата вработените да се плаќаат по работен час, која ја иницираше Сојузот на стопански комори, наиде на поддршка кај Конфедерацијата на слободни синдикати (КС