Сиљановска-Давкова: Женската економска самостојност е предуслов за сопствен живот и општествен развој
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставничките на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“ — Ана Дукоска, Анета Механджијска и Славица Јанкова. Централна тема на разговорот беше претстојната конференција на здружението, којашто годинава е посветена на жените во бизнисот, како и иницијативите за поврзување на жените што ги спроведува ова здружение. Претседателката ги поздрави настаните во чиј центар стојат жените и женските автентични приказни, коишто, како што беше речено, откриваат бројни проблеми, но и видни успеси. Според Сиљановска-Давкова, годинашнава тема фокусирана на жените во бизнисот е добар избор од многу причини, а особено заради фактот што женската економска самостојност е предуслов за креирање сопствен живот, градење хармонична семејна заедница и учество во општествениот развој. На средбата претседателката ја поздрави храброста на „Јас сум жена“ во рушењето на митот за традиционално машки и женски професии. Тоа здружението го прави преку запознавање со успешни жени — машиновозачки, капетани на бродови или оџачарки — и преку охрабрување на девојките слободно да го изберат и трасираат својот професионален пат, водени од сопствените афинитети, интереси и способности. Сиљановска-Давкова го поздрави и учеството на конференцијата на жени претприемачки од регионот, но и пошироко, кои имаат македонско потекло. Според неа, тоа е можност за запознавање со нивното релевантно, инспиративно и стимулативно искуство, како и за воспоставување соработка со нив. На средбата гостинките ја запознаа претседателката со партнерството со Здружението „До бебе по патот на ин-витро“, со намера да им овозможат конкретна помош на жените и семејствата на патот кон мајчинството и родителството. Сиљановска-Давкова изрази разбирање и верба во остварувањето на посакуваната цел, како и поддршка на патот кон неа. Претставничките на „Јас сум жена“ ја презентираа и иницијативата за формирање совети за женско претприемништво во