Сиљановска-Давкова во Салцбург: Ниту една европска држава не понела толку тежок товар на патот кон ЕУ

FinPortal.mk · 28.9.2026 г.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата со наслов „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“, каде што говореше за иднината на европскиот проект, стратешките предизвици на Европската Унија и потребата од забрзување на европската интеграција на Западен Балкан. Во своето обраќање, претседателката порача дека проширувањето на Унијата е прашање за кое таа има целосна контрола и одлучувачка моќ, пренесувајќи ја пораката дека европската перспектива на регионот останува клучна за неговата стабилност и напредок. Осврнувајќи се на европскиот пат на земјава, Сиљановска-Давкова потсети дека од 35 години независност, дури 21 година сме кандидат за членство во Европската Унија, со 17 позитивни извештаи за почеток на преговорите, висок степен на хармонизација со европското законодавство и стопроцентна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика. Таа нагласи и дека земјата е меѓу најуспешните во европските реформи и во спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан. Претседателката посочи дека ниту една европска држава на својот интегративен пат не понела толку тежок товар како нашата земја. Како што рече, го променивме државното знаме, уставното име и усвоивме 36 уставни измени, најголем дел диктирани од надвор. „Принудувањето на една држава да ја менува својата внатрешна правна структура за да се разреши историски спор отвора сериозно прашање за доследноста на европските принципи. Членот 4(2) од Договорот за ЕУ ја обврзува Унијата да ја почитува еднаквоста на државите-членки и нивните национални идентитети, вградени во нивните основни политички и уставни структури. А сепак, во нашиот случај, уставната промена условена од билатерален историски спор се претставува како тест за нашиот демократски капацитет“, рече Сиљановска-Давкова. Според неа, заострената реторика покажува колку бргу регионот може да назадува кога европската перспектива станува нејасна. Таа посочи дека единствена

Сиљановска-Давкова во Салцбург: Ниту една европска држава не понела толку тежок товар на патот кон ЕУ | FinPortal.mk

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата со наслов „Дали Европа (сè уште) е глоба