Сиљановска-Давкова во Брисел: За напредок кон ЕУ потребна политичка волја и од Унијата, не само од кандидатите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Европскиот парламент во Брисел оствари средба со европратениците Дан Барна од групацијата Renew од Романија, Тајс Ројтен од групацијата Социјалдемократи од Холандија, Матеј Тонин од Европската народна партија од Словенија и Карло Реслер, исто така од Европската народна партија, од Хрватска. На средбата се разговарало за актуелните состојби во македонскиот евроинтегративен процес, за предизвиците со кои се соочува политиката на проширување на Европската Унија, како и за можностите за надминување на долгогодишниот застој во пристапните преговори. Сиљановска-Давкова пред европратениците потсетила на 21-годишниот кандидатски статус на државата и на нејзината континуирана посветеност на европската интеграција, која, како што нагласила, е поткрепена со значајни реформи. Таа особено ја истакнала целосната усогласеност на земјата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, што ја гледа како потврда на јасната геополитичка определба и на доследната поддршка на европските позиции. Според претседателката, политичката волја за напредок не треба да се очекува само од земјите кандидатки, туку и од самата Унија, од која се потребни креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој, но без доведување во прашање на македонскиот национален и културен идентитет. Таа порачала дека напредокот во пристапниот процес е заедничка одговорност и дека само со взаемна политичка волја може да се обнови динамиката на проширувањето. Соговорниците на средбата се согласиле дека местото на македонската држава е во Европската Унија, каде што, како што било речено, природно припаѓа, независно од предизвиците на патот. За дел од европратениците, искуството на нивните држави потврдува дека пристапниот процес може да биде долг и исполнет со тешки услови, а напредокот не секогаш да биде препознаен. Претседателката им се заблагодарила на европратениците за разбирањето и изразила уверување дека континуираниот дијалог и заеднички

Сиљановска-Давкова во Брисел: За напредок кон ЕУ потребна политичка волја и од Унијата, не само од кандидатите | FinPortal.mk

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Европскиот парламент во Брисел оствари средба со европратениците Дан Барна од групацијата Renew од Романија, Тајс