Сиљановска-Давкова во Брисел: На Македонија ѝ треба суштински дијалог и еднаков третман во евроинтеграциите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на Самитот за проширувањето на Европската Унија во Брисел, побара суштински дијалог и еднаков третман за Македонија во процесот на пристапување кон Унијата. Таа истакна дека политичката волја за надминување на долгогодишниот застој треба да доаѓа од двете страни, пренесуваат од нејзиниот кабинет. На самитот, организиран од „Јуроњуз“, претседателката потсети на мислењето на Бадинтеровата комисија од 1992 година, според кое Словенија и Македонија ги исполнувале условите за меѓународно признавање. Според неа, разликата во нивниот европски пат по повеќе од три децении укажува на недостиг од политичка волја кај одредени соседи. Осврнувајќи се на уставните измени, Сиљановска-Давкова рече дека по Преспанскиот договор во 2018 година, на граѓаните им било претставено дека промената на уставното име е последната пречка за европска интеграција. Таа оцени дека новите барања за промена на Уставот не даваат гаранција за напредок, нагласувајќи дека одлуката е во надлежност на Собранието, а легитимитетот произлегува од граѓаните. Претседателката порача дека Македонија очекува да биде третирана според истите правила и стандарди како и другите земји кандидатки, вклучително и рамноправно учество во подготовките за пристапните преговори. Како можност за придвижување на процесот ја посочи постепената интеграција преку пристап до единствениот пазар, дигитализацијата и другите европски политики. Таа истакна дека земјата е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и има јасна евроатлантска определба како членка на НАТО. Во однос на реформите, оцени дека постојат капацитети за напредок во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата, но дека се потребни внатрешна политичка волја и поддршка од Унијата. Сиљановска-Давкова се осврна и на односите со Бугарија, потврдувајќи дека ќе продолжи да се залага за дијалог. Самитот во Брисел беше посветен на иднината на проширувањето на Европската Унија и на патот н

Сиљановска-Давкова во Брисел: На Македонија ѝ треба суштински дијалог и еднаков третман во евроинтеграциите | FinPortal.mk

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на Самитот за проширувањето на Европската Унија во Брисел, побара суштински дијалог и еднаков третман за Македонија