Сиљановска-Давкова: Вложувањето во децата е вложување во нашата иднина

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, се обрати на свеченото одбележување на 25-годишнината од постоењето и работата на СОС Детско село во Македонија. Настанот се одржа во Македонскиот народен театар во Скопје, каде што преку јубилејна програма беше претставена мисијата на организацијата, нејзините резултати и значењето на широката мрежа на поддршка за децата и семејствата. Во своето обраќање, претседателката ги потсети возрасните на нивната обврска да се грижат за децата и да бидат со нив и до нив, без да ги оставаат сами кога им е тешко, но и кога се среќни. Таа ја истакна важноста на домот како основна заедница во која децата ја учат најважната животна лекција. „Домот е мала оаза на мир, емоционално прибежиште, првата заедница во која ја учиме најважната животна лекција: дека неслучајно сме тука и дека секое дете има своја мисија во животот. За многу, многу деца и млади, токму ваков дом беше, е и ќе биде СОС Детско село“, истакна Сиљановска-Давкова. Навраќајќи се на 25-годишната работа на организацијата, претседателката ги детектираше видливите успеси во превенцијата, зајакнувањето на семејствата и заштитата на децата. Таа посебно ја нагласи улогата на згрижувачите, опишувајќи ги како најблиски до децата. Охрабрувајќи ги да ја продолжат благородната мисија, Сиљановска-Давкова укажа дека децата никогаш нема да ги заборават добриот збор, подадената рака и утехата на добрите луѓе. „Дозволете ми, да ви го честитам јубилејот, да ви ги честитам 25-те години СОС Детско село, прекрасно село, убедена дека вложувањето во децата е вложување во нивната, ама и во нашата иднина“, порача претседателката во своето обраќање пред присутните. Јубилејната програма преку видео-проекции, сценски и музички изведби, лични приказни и доделување признанија ја претстави 25-годишната мисија на организацијата. Програмата ги опфати резултатите од работата и значењето на згрижувачите, младите, институциите, компаниите, здруженијата и партнерите во создавањето

Сиљановска-Давкова: Вложувањето во децата е вложување во нашата иднина | FinPortal.mk

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, се обрати на свеченото одбележување на 25-годишнината од постоењето и работата на СОС Д