Сиљановска-Давкова: Спорот со Бугарија не е ниту чисто билатерален, ниту само прашање кон ЕУ
FinPortal.mk · 5.10.2026 г.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека прашањето околу евроинтеграциите на Македонија и условувањата поврзани со Бугарија не може да се квалификува ниту исклучиво како билатерално прашање, ниту само како проблем меѓу земјава и Европската Унија. Во интервју за телевизија Сител, таа се осврна на неодамнешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и на можноста ЕУ да посредува во разговорите со Бугарија. Во однос на пораките од Брисел за продолжување на разговорите со Софија, Сиљановска-Давкова потсети дека претходно се поставувало прашањето дали спорот е билатерален или станува збор за прашање во рамки на односите со ЕУ. Таа објасни дека кога македонската страна велела дека прашањето по природа е билатерално, тоа го аргументирала со фактот што ниту во Акцискиот план, ниту претходно немало забелешки од другите држави, ниту пак некоја држава се заканува со вето. Напротив, како што нагласи, се истакнува потребата од систем за заслуги во евалуацијата. Според претседателката, Бугарија тврдела дека прашањето не е билатерално, туку дека Македонија има работа со Европската Унија. „Многупати сум велела дека ако е така, тогаш оставете нè да преговараме со Европската Унија“, рече Сиљановска-Давкова во интервјуто. Таа посочи дека во такви ситуации постојат механизми во европското право, вклучително и членот 7 од Договорот за Европската Унија, кој предвидува можност за ограничување на одредени права на земја-членка доколку се утврди сериозно прекршување на принципите и вредностите на Унијата. Сепак, претседателката нагласи дека е потребен дијалог и размена на ставови, но оти проблемот или процесот не може да се оквалификува ниту како билатерален исклучиво, ниту како проблем што Македонија го има со Европската Унија. Во однос на ставовите на европските претставници за преземените обврски, Сиљановска-Давкова се повика на европското уставно право и на основните документи на ЕУ. „Јас не сум само претседателка, туку сум и професорка. Доб