Сиљановска-Давкова пред Вајц: Билатералните прашања не смеат да го блокираат патот кон ЕУ

FinPortal.mk · 23.9.2026 г.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, на која беше разгледана македонската европска интеграција, можностите и условите за деблокада на пристапниот процес, како и политиката на проширување на Европската Унија, согледана низ призмата на геополитичките закани и употребата на ветото. На средбата, на која присуствуваше и шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михалис Рокас, беше истакната потребата од објективен пристап во известувањето за напредокот на земјата. Сиљановска-Давкова ги поздрави обидите и напорите на Вајц за објективен пристап во известувањето, како и неговиот јасен став дека билатералните прашања треба да бидат одвоени од формалниот процес на пристапување кон Европската Унија. Претседателката оцени дека ваквиот пристап е од суштинско значење за заштита на кредибилитетот на процесот и за одржување на фокусот врз суштинските реформи, а не врз отворените двострани спорови. Во пресрет на извештајот на Европската комисија, соговорниците разменија мислења за потребните и можните реформи на процесот на проширување, врз основа на воочените проблеми во досегашниот тек на преговорите и во функционирањето на методологијата за пристапување. За Сиљановска-Давкова од особена важност е да се забрза и заштити од ирационални опструкции динамиката на европската интеграција и да се овозможи посилна институционална заштита на принципот на заслуги во пристапниот процес, со што би се обезбедило напредокот на земјата да зависи од исполнувањето на критериумите, а не од надворешни фактори. Претседателката посебно укажа на членовите 4(2) и 4(3) од Договорот за Европската Унија, во коишто се предвидени почитувањето на националниот идентитет, уставните и политичките структури на земјите-членки, како и обврската на земјите-членки за искрена соработка и непоткопување на целите на Унијата. Таа констатираше дека злоупотребата на ветото и билатералните условувања врзани со

Сиљановска-Давкова пред Вајц: Билатералните прашања не смеат да го блокираат патот кон ЕУ | FinPortal.mk

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, на кој