Сиљановска-Давкова пред харвардски алумни: Образовниот и научниот капацитет на дијаспората е недоволно искористен

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со алумни на Универзитетот Харвард, кои престојуваат во земјава во рамките на студиско патување низ државите од Балканот. Според соопштението од нејзиниот кабинет, гостите ја запознале претседателката со досегашните посети во регионот и со престојот во Македонија, во чии рамки се запознале со културно-историски знаменитости и со современите општествени текови. Претседателката го поздравила нивниот интерес и им се заблагодарила за вниманието кон нашето минато и сегашност, како и за интересот за нејзиното професорско и политичко мислење за горливите прашања. Таа истакнала дека ваквите посети се драгоцена можност за размена на знаења и искуства, за проверка на сопствените ставови и за учење едни од други. На средбата Сиљановска-Давкова ги презентирала своите видувања за светската безбедносна, економска, енергетска, но и етичка и морална криза, со посебен акцент на европската. Таа укажала на реалната опасност од продлабочување на внатрешните поделби по различни основи, но и на регионалните и меѓународните судири заради растечката мултиполарност, како и на засилените авторитарни и олигархиски тенденции дури и во држави со вековна демократска традиција. Во тој контекст таа ги споменала и забрзаната милитаризација и маргинализацијата на меѓународните организации, како ООН, формирани во духот на мултилатерализмот. Одговарајќи на прашањата на гостите за причините за насилните протести во многу држави, претседателката укажала на загрозеноста на социјалниот карактер на многу држави во амбиент на растечката криза, на продлабочувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните, како и на очигледното зголемување на апатијата, безнадежноста и насилството, особено меѓу младите. Потенцирајќи го значењето на меѓународните контакти и соработка, претседателката го посочила образовниот, научниот и професионалниот капацитет на македонската дијаспора како недоволно искористен развоен потенцијал. Како универзитетска професорка, таа ја ист

Сиљановска-Давкова пред харвардски алумни: Образовниот и научниот капацитет на дијаспората е недоволно искористен | FinPortal.mk

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со алумни на Универзитетот Харвард, кои престојуваат во земјава во рамките на студиско патување низ др