Сиљановска-Давкова: Европскиот пат бара еднаков третман, а не билатерални услови
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека сите земји кандидатки за членство во Европската Унија треба да добијат еднаков третман, а оценувањето на напредокот да се заснова врз објективни критериуми, а не врз наметнати билатерални политички услови. Оваа порака таа ја пренесе на средба со амбасадорот Михалис Рокас, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година. На средбата двајцата соговорници оцениле дека се постигнати конкретни резултати и го поздравиле препознавањето на Македонија како една од најуспешните земји во спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан, соопштија од Кабинетот на претседателката. Амбасадорот Рокас, сепак, укажал на утврдените слабости и на потребата од забрзување на реформите во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата. Тоа се областите во кои, според извештајот, се уште е потребен поинтензивен напредок. Сиљановска-Давкова посочила дека повисокото ниво на подготвеност во поглавјето 10, посветено на дигиталната трансформација и медиумите, и во поглавјето 26, кое се однесува на образованието и културата, како и напредокот во науката и истражувањето и во усогласувањето со заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, го потврдуваат институционалниот капацитет на државата за исполнување на европските стандарди. Таа очекува финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформа на јавната администрација, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, да донесе видливи промени и напредок во Кластерот „Основи“, стои во соопштението од Кабинетот. Во рамките на своите уставни надлежности, претседателката истакнала дека ќе продолжи да придонесува за спроведувањето на реформите и за јакнењето на демократијата во земјата. Сиљановска-Давкова нагласила дека извештајот треба објективно да го оценува исполнувањето на Копенхашките критериуми, а не наметнувањето билатер