Силјановска Давкова: 11 Октомври е вечен завет за чување на татковината, слободата се брани со одговорност и единство

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати порака до граѓаните во која потсети на значењето на овој историски датум и на обврската на современите генерации да ги чуваат вредностите за кои се бореле востаниците. Во честитката таа нагласи дека на 11 Октомври 1941 година македонските востаници се приклучиле кон антифашистичкиот фронт, водени од стремежот за слобода и создавање македонска држава. Според претседателката, идејата водилка на востанието како народен отпор бил вековниот стремеж за слободна македонска држава. Таа посочи дека востанието прераснало во Народноослободителна борба, низ која, како што рече, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци се трасирал патот кон АСНОМ. „Идеја водилка на востанието како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ“, порача Силјановска Давкова. Претседателката нагласи дека 11 Октомври не е само историски датум, туку трајна обврска кон идните генерации. „11 Октомври не е само важен историски датум. Тој е незаборавна и небришлива меморија и вечен завет за чување и развој на татковината“, истакна таа во честитката. Силјановска Давкова се осврна и на подвигот на прилепските, кумановските и сите други востаници, оценувајќи го како аманет дека слободата, правдата и државноста бараат посветеност и одговорност. „Нивниот херојски подвиг нè задолжува да бидеме не само нивни благодарни потомци, туку и достојни чувари и бранители на нивното непроценливо дело“, порача претседателката. Во честитката таа се осврна и на современите предизвици, нагласувајќи дека државата треба да се гради врз принципите на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековото достоинство. „Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом, во кој различностите не се повод за делби,

Силјановска Давкова: 11 Октомври е вечен завет за чување на татковината, слободата се брани со одговорност и единство | FinPortal.mk

Претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати порака до граѓаните во која потсети на значењето на овој и