Силекс ја прекина црната серија со убедлива победа во Куманово, Ефтимов постигна ремек-дело

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Екипата на Силекс конечно ја прекина долгата низа од шест натпревари без победа, откако на гостувањето кај Башкими во Куманово славеше со убедливи 0-3 во натпревар од 10. коло на Првата лига. Кратовци одиграа солиден меч, ги искористија своите шанси и повеќе од тоа, со што дојдоа до важни бодови во борбата за подобар пласман на табелата. Натпреварот во Куманово понуди интересен дуел меѓу двете екипи, но гостите од Кратово беа тие што покажаа поголема конкретност и ефикасност пред противничкиот гол. Веќе во 13. минута Силекс го отвори резултатот. По акцијата од левата страна, заспаноста на домашната одбрана во нивниот шеснаесетник ја казни Босанецот, Шеро, кој со сигурен удар го совлада домашниот голман и донесе водство од 0-1 за својот тим. Иако домашниот тим во продолжението од првото полувреме се обидуваше да ја анулира негативата и да дојде до израмнување, обидите на кумановци беа јалови. Одбраната на Силекс издржа и резултатот на полувремето остана непроменет, 0-1 во корист на гостите од Кратово. По само три минути игра во вториот дел, гостите од Кратово ја удвоија предноста. Неверојатен и ретко виден гол на домашните терени постигна Ефтимов за 0-2. Повеќе во да нафрли отколку да бие кон противничкиот гол, Ефтимов го изненади домашниот голман Алију и ја затресе мрежата на Башкими на спектакуларен начин, предизвикувајќи воодушевување кај својот тим и неверување кај домашната публика. Фудбалерите на Башкими успеаја да ја затресат мрежата на Џеков, но тој гол беше поништен поради офсајд, со што домашниот тим остана без можност да се врати во натпреварот. И кога сите очекуваа крај на натпреварот, во втората минута од судиското дополнение, Мишов ги постави конечните 0-3 за Силекс и ја запечати убедливата победа на својот тим. Со овој триумф, Силекс ја прекина низата од шест натпревари без победа и ги прими важните бодови што му беа потребни за да го подобри својот пласман и да ја врати самодовербата во тимот. Кратовци покажаа дека и на гостување можат да бидат ефикас

Силекс ја прекина црната серија со убедлива победа во Куманово, Ефтимов постигна ремек-дело | FinPortal.mk

Екипата на Силекс конечно ја прекина долгата низа од шест натпревари без победа, откако на гостувањето кај Башкими во Куманово славеше со убедливи 0-3 во натпре