Шведската лекција од Гетеборг: Како трагедијата со 63 загинати млади луѓе ја промени безбедноста и што може да научи Кочани

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Речиси три децении по трагичниот пожар во Гетеборг, во кој загинаа 63 лица, а 213 беа повредени, Шведска продолжува да ги пренесува научените лекции за противпожарната заштита, превенцијата и психосоцијалната поддршка. Делегација од Кочани го посети шведскиот град за да се запознае со искуствата по трагедијата што по бројот на жртви потсетува на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На 29 октомври 1998 година, во објект во Гетеборг, кој бил изнајмен за приватна забава, избувнал пожар во кој животот го загубиле 63 лица, а 213 биле повредени. На забавата присуствувале речиси 400 млади луѓе, иако просторот имал капацитет за само 150 посетители. Пожарот го подметнале четворица млади на кои не им било дозволено да влезат бидејќи одбиле да платат влезница. Огнот бил подметнат на помошните скали, а по неговото ширење стотици посетители се обиделе да избегаат преку единствениот преостанат излез. Трагедијата, која по размерите потсетува на пожарот во Кочани од 16 март 2025 година, оставила длабоки последици врз шведското општество, но потпикнала и промени во системот за противпожарна заштита. Новинарската екипа ја придружувала делегацијата од Кочани при посетата на Гетеборг. Во неа учествувале претставници на Општина Кочани, пожарникари, членови на Здружението „16 март 2025“, граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ и Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“. Објектот во кој избувнал пожарот денес е меморијален и едукативен центар, создаден на иницијатива на преживеаните и семејствата на загинатите. Во него се изложени фотографии од жртвите, лични предмети пронајдени по пожарот и пораки оставени во нивен спомен. Единствено скалите на кои бил подметнат огнот останале нереновирани, како потсетник на она што се случило таа ноќ. Милорад Станкиќ, кој го преживеал пожарот, но ја загубил десната нога, раскажува дека младите што го подметнале огнот не биле свесни какви последици ќе предизвикаат. „Тие не знаеле дека овде нема аларм и како ќе реагираме ние кога ќе наста

Шведската лекција од Гетеборг: Како трагедијата со 63 загинати млади луѓе ја промени безбедноста и што може да научи Кочани | FinPortal.mk

Речиси три децении по трагичниот пожар во Гетеборг, во кој загинаа 63 лица, а 213 беа повредени, Шведска продолжува да ги пренесува научените лекции за противпо