Шумските пожари годинава причиниле штета од над четири милиони евра

FinPortal.mk · 12.9.2026 г.

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега регистрирало 138 шумски пожари, а според првичните проценки штетата од огнените јазици изнесува над четири милиони евра. Ова го изјави заменик директорот на претпријатието, Кире Михаилов, кој посочи дека конечната оценка на штетата допрва ќе се утврдува, откако ќе заврши летната сезона и екипите ќе излезат на терен. „Заклучно со месец јули, штетите се движат некаде околу над 4 милиони евра. Значи тоа е голема штета, меѓутоа во однос на она коешто го имаме во текот на изминатите години, сметам дека е релативно мала. Затоа што ако јавноста еве ја запознаеме дека 2024 година имавме фрапантна бројка од преку 83 милиони евра штета, а минатата 2025 ја завршивме со некаде над 50 милиони евра штета“, рече Михаилов. Според него, бројот на пожари низ македонските шуми оваа сезона не отстапува од просекот во изминатите години. Најголемиот рекорд на шумски пожари, како што потсети, е забележан во 2007 година, кога имало 652 пожари. Огнените јазици и оваа летна сезона опустошија стотици хектари низ македонските шуми. Михаилов посочи дека по завршувањето на летната сезона, вработените во претпријатието ќе влезат во опожарените шумски подрачја и ќе прават проценки, по што ќе утврдат каде шумите ќе се чистат од опожарената маса, а каде самата ќе се обновува. Тој објасни дека не секоја зафатена површина е целосно уништена. „Без разлика колкава површина ќе биде зафатена од секој пожар, тоа не значи дека таа цела површина е целосно уништена. Некаде пожарот воопшто и не зафатил, некаде бил приземен, некаде горело трева. Доколку стеблото или пак листењакот воопшто не се чепнати од пламени јазици, тогаш таа шума многу лесно ќе се самообнови“, изјави Михаилов. Заменик директорот забележува дека дел од пожарите се подметнати од пиромани, но има и случаи каде што пожарите се предизвикани од невнимание. Како пример го наведе случајот со село Бигла во општина Делчево, каде што изгореа над 200 хектари шума. Според Михаилов, затворските казни за пир

Шумските пожари годинава причиниле штета од над четири милиони евра | FinPortal.mk

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега регистрирало 138 шумски пожари, а според првичните проценки штетата од огнените јазици изнесува над четири милиони