Штипскиот универзитет отвори меѓународна научна школа за мониторинг на загадувањето, поддржана од Европската комисија
FinPortal.mk · 14.9.2026 г.
Во Штип денес беше отворена меѓународна научна школа за мониторинг на загадувањето на воздухот, почвата и водата, која претставува прва од ваков вид во Македонија. Школата ја организира Универзитетот „Гоце Делчев“ во соработка со Здружениот истражувачки центар (ЈРЦ) на Европската комисија, а нејзината работа се одвива во контекст на Европскиот зелен договор. Според информациите од отворањето, првата сесија на школата ќе трае до крајот на неделата. Во текот на секој ден ќе се презентираат научни трудови посветени на причините за загадувањето и климатските промени, како на локално ниво, така и на глобално ниво. На школата свои научни трудови на оваа тема ќе презентираат дваесетина млади истражувачи од сите земји од Западен Балкан, а презентациите ќе се одвиваат во наредните четири дена. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Дејан Мираковски, на отворањето истакна дека со ваквите научни школи и собири првенствено ќе се утврдуваат причините за загадувањето. Тој посочи дека кога причините ќе бидат познати, полесно ќе може да се доаѓа до решенија за надминување на загадувањето. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, која исто така присуствуваше на отворањето, изјави дека минатата година за научни истражувања во Македонија биле издвоени шест милиони евра. Од таа сума, на Штипскиот универзитет за два проекта му биле доделени по 125.000 евра. Јаневска нагласи дека се работи на тоа да се зголемува фондот за научни истражувања во државата. „Оваа школа е еден од начините да се пренесе врвното знаење на излагачите, а основната идеја е и земјите од Западен Балкан да имаат поголемо знаење за справување со загадувањето“, рече министерката Јаневска. Претставникот на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, Клаудио Белис, објасни дека научниот истражувачки центар на Европската комисија ги обезбедува податоците за дефинирање на политиките и мерките што треба да се преземат за почиста и поздрава животна средина. „Научниот истражувачки центар на Евр