Штипскиот суд со само седум судии од предвидени 19 — четиримина доаѓаат од Велес и Скопје
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Основниот суд во Штип се соочува со сериозен недостиг од судиски кадар, откако само седум од предвидените 19 судиски места во оваа судска институција се пополнети. Недостигот веќе го отежнува формирањето кривични совети и решавањето на граѓанските предмети, поради што Судскиот совет на денешната седница донесе одлука во Штип привремено да бидат упатени четворица судии од Велес и од Скопје. Координаторката за работата на Основниот суд Штип, Тања Чачарова-Илиевска, информираше дека меѓу седумте судии се вбројува и претседателот на судот. Таа посочи дека двајца од судиите се новоизбрани и засега не можат да одговорат на сите потреби на судот со проширена надлежност. Според неа, недостигот од судиски кадар особено се чувствува при формирањето на кривичните совети, но и при постапувањето по граѓанските предмети, со оглед на нивниот прилив. Судскиот совет затоа одлучи во Штип да бидат упатени судиите Ангел Трипчев и Дејан Перчинковски од Основниот суд Велес, како и Сенида Јашар и Ирена Јаниќ од Основниот кривичен суд Скопје. Четворицата ќе бидат времено распоредени во Основниот суд Штип за период од една година, почнувајќи од 16 ноември 2026 година. Според образложението на Судскиот совет, за нивното упатување е обезбедена согласност од претседателите на матичните судови, а проценката е дека со тоа нема да се наруши нивното функционирање. Со новите четворица судии, бројот на судии што ќе работат во Штип привремено ќе се зголеми на 11, но и понатаму ќе биде помал од предвидените 19 судиски места. На истата, 559. седница, Судскиот совет одлучуваше и за приговор на судијката Лорета Тодорова од Основниот суд Велес, која се спротивставила на нејзиното распоредување во кривичен совет за време на продолжениот празничен викенд, од 23 до 25 октомври. Тодорова навела дека работи во граѓанскиот оддел и дека со ваквото распоредување незаконски се менува годишниот распоред, без претходно мислење од судиите. Одлуката за засилување на штипскиот суд доаѓа во момент кога недостигот од суд