Штедачите ќе имаат пет години да го подигнат обесштетувањето од пропадната банка

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Граѓаните кои имаат сметки и заштеди во банка што пропаднала ќе имаат рок од пет години да ги подигнат парите од обесштетувањето од Фондот за осигурување на депозити. Ако не ги подигнат во тој период, средствата ќе останат во буџетот на Фондот. Оваа новина ја предвидуваат предложените измени на Законот за Фондот за осигурување на депозити, кои се веќе во собраниска процедура, а целта е да се стави крај на досегашната практика на бесконечни обесштетувања. Актуелниот закон не предвидува никаков рок за подигање на парите од обесштетувањето, што досега значело дека штедачите со децении можеле да ги бараат своите средства. Според предложените измени, обврската на Фондот за исплата на обесштетување престанува во рок од пет години од денот на конечноста на решението. Неподигнатите средства за обесштетување, со исклучок на средствата кои се со право на наследство, се пренесуваат во средствата на Фондот за заштита на депозити. Исклучок од новото правило се парите од заштедата кои се со право на наследство, што значи дека наследниците на починати штедачи нема да бидат ограничени со овој петгодишен рок. Оваа одредба е вградена во предлог-законот за да се заштитат правата на наследниците, кои често ги остваруваат своите права со поголемо доцнење поради правни и административни постапки. Според последниот објавен извештај на Фондот за осигурување на депозити од 2023 година, од неговото основање во 1997 година до крајот на 2023 година пропаднале пет банки и седум штедилници. Вкупната пресметана обврска за обесштетување од дванаесетте поранешни членки на Фондот изнесува 5,7 милијарди денари, односно 92,6 милиони евра. Од нив останале неисплатени вкупно 8,27 милиони евра за 226.192 депоненти. Најголемиот дел од овие неподигнати средства се однесува на „Еуростандард банка“, каде што останале неподигнати околу 5,86 милиони евра за 124.296 депоненти, како и на „Македонска банка“, со околу 2,27 милиони евра за 96.812 депоненти. Останатите средства се однесуваат на други пропаднати банк

Штедачите ќе имаат пет години да го подигнат обесштетувањето од пропадната банка | FinPortal.mk

Граѓаните кои имаат сметки и заштеди во банка што пропаднала ќе имаат рок од пет години да ги подигнат парите од обесштетувањето од Фондот за осигурување на деп