Шпаркасе Банка со едукативен карван за штедење во над 100 училишта и градинки

Шпаркасе Банка и годинава го започна својот традиционален едукативен карван посветен на штедењето, кој во текот на месецот на штедење ќе ги посети училиштата и градинките низ земјата. Според најавите од банката, карванот ќе опфати повеќе од 100 училишта и градинки, а едукативните активности ќе допрат до повеќе од 4.500 деца.
Преку серија едукативни средби, децата на забавен, интерактивен и едноставен начин ќе имаат можност да научат повеќе за значењето на штедењето, правилното управување со парите и за создавањето добри финансиски навики уште од најрана возраст. Во реализацијата на карванот активно ќе бидат вклучени и вработените од Шпаркасе Банка, кои директно ќе ги посетуваат училиштата и градинките и преку интерактивни активности ќе разговараат со децата за значењето на штедењето и за создавањето добри финансиски навики.
Централно место во едукативната програма има проектот „Медената авантура со Биби и Боби“, преку кој најмладите преку своите омилени ликови – Биби и Боби, Медо Штедо и Медена, на забавен и за нив близок начин го запознаваат светот на штедењето. Преку едукативната песничка и едукативната сказна, децата на забавен и едноставен начин откриваат како со малку трпение и планирање можат да ги остваруваат своите желби и да прават мали чекори кон своите цели.
Како дел од посетите, вработените на Шпаркасе Банка заедно со децата ќе реализираат едукативни активности преку игри, разговор и интеракција, креирани за полесно и позабавно изучување на основните начела на штедењето. На овој начин, едукативната порака не останува само на приказна или песничка, туку станува интерактивно искуство во кое децата активно учествуваат, учат и се забавуваат.
Од Шпаркасе Банка порачуваат дека веруваат оти финансиската едукација треба да започне уште од најрана возраст, но и дека најдоброто учење за децата е она што е забавно, разбирливо и блиско до нивниот свет. Токму затоа, преку својот едукативен карван сакаат да им покажат на најмладите дека штедењето може да биде и игра, и авантура, но пред сè – вредна навика што се гради уште од детството.
Едукативниот карван на Шпаркасе Банка претставува традиционална активност што банката ја спроведува секоја година во месецот на штедење, со цел да ја зајакне финансиската писменост кај најмладите генерации. Преку директна комуникација со децата во училиштата и градинките, банката продолжува да вложува во создавање на генерации кои уште од мали нозе ќе ги разбираат принципите на одговорно управување со пари.