Шпаркасе Банка со едукативен карван за штедење во над 100 училишта и градинки
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Шпаркасе Банка и годинава го започна својот традиционален едукативен карван посветен на штедењето, кој во текот на месецот на штедење ќе ги посети училиштата и градинките низ земјата. Според најавите од банката, карванот ќе опфати повеќе од 100 училишта и градинки, а едукативните активности ќе допрат до повеќе од 4.500 деца. Преку серија едукативни средби, децата на забавен, интерактивен и едноставен начин ќе имаат можност да научат повеќе за значењето на штедењето, правилното управување со парите и за создавањето добри финансиски навики уште од најрана возраст. Во реализацијата на карванот активно ќе бидат вклучени и вработените од Шпаркасе Банка, кои директно ќе ги посетуваат училиштата и градинките и преку интерактивни активности ќе разговараат со децата за значењето на штедењето и за создавањето добри финансиски навики. Централно место во едукативната програма има проектот „Медената авантура со Биби и Боби“, преку кој најмладите преку своите омилени ликови – Биби и Боби, Медо Штедо и Медена, на забавен и за нив близок начин го запознаваат светот на штедењето. Преку едукативната песничка и едукативната сказна, децата на забавен и едноставен начин откриваат како со малку трпение и планирање можат да ги остваруваат своите желби и да прават мали чекори кон своите цели. Како дел од посетите, вработените на Шпаркасе Банка заедно со децата ќе реализираат едукативни активности преку игри, разговор и интеракција, креирани за полесно и позабавно изучување на основните начела на штедењето. На овој начин, едукативната порака не останува само на приказна или песничка, туку станува интерактивно искуство во кое децата активно учествуваат, учат и се забавуваат. Од Шпаркасе Банка порачуваат дека веруваат оти финансиската едукација треба да започне уште од најрана возраст, но и дека најдоброто учење за децата е она што е забавно, разбирливо и блиско до нивниот свет. Токму затоа, преку својот едукативен карван сакаат да им покажат на најмладите дека штедењето може да биде и игра,