Шест големи хидроцентрали добиваат нова опрема со 46 милиони евра
FinPortal.mk · 29.9.2026 г.
Шест големи хидроелектрани во Македонија ќе бидат модернизирани со вкупна инвестиција од 46 милиони евра, со што ќе се замени застарената опрема и ќе се продолжи работниот век на постројките. Станува збор за хидроцентралите Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје и Глобочица, кои работат во рамките на три хидроенергетски системи — „Маврово“, „Црн Дрим“ и „Тиквеш“. Од вкупната сума, 35 милиони евра се обезбедени како заем од германската развојна банка КфВ, додека 10,7 милиони евра се неповратни средства од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Модернизацијата ќе се спроведе во следните неколку години. Според образложението на инвестицијата, замената на застарената опрема ќе ги намали прекините во работата на централите, ќе го продолжи нивниот работен век и ќе ја зголеми оперативната безбедност. Со тоа се обезбедува сигурно балансирање и испорака на електрична енергија кон електроенергетскиот систем на земјата. Лазо Узунчев, претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, изјави дека придобивките од модернизацијата се директни и мерливи. Според него, со проектот се продолжува работниот век и се зголемува инсталираниот капацитет на големите хидроелектрани за дополнителни 13,5 мегавати, со што се обезбедува ново годишно производство од 50 гигават-часови чиста електрична енергија. Тој додаде дека зголеменото производство и обемот на системски балансни услуги ќе донесат најмалку 5 милиони евра дополнителни годишни приходи. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со инвестицијата ќе се овозможи зголемување на портфолиото за производство на АД ЕСМ во делот на обновливите извори на енергија, а со тоа ќе се обезбеди квалитетна електрична енергија. „Одиме во насока да бидеме нето-нула кога ќе се направи односно разлика на произведената и потрошената електрична енергија. Веќе неколку месеци се движиме над или околу 95 отсто и сметаме да бидеме нето-нула на крајот од годината. Мислам дека следната година дури ќе имаме и одредени вишоц