Шест државни институции потпишаа меморандум за заедничка платформа за размена на податоци во борбата против криминалот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за управување со одземен имот потпишаа Меморандум за соработка со кој шестте институции се поврзуваат во единствен систем за размена на податоци, наменет за зајакнување на борбата против организираниот криминал, корупцијата, перењето пари и финансирањето тероризам. Потпишувањето на меморандумот се случи во рамки на проектот „Воспоставување систем за евиденција, податоци и управување со предмети на органите на прогонот“ (LERMS), кој е финансиран од Европската Унија. Според изворот, со проектот LERMS се воспоставува заедничка, автоматизирана и одржлива платформа што ќе ги поврзе шестте институции и ќе овозможи безбедна размена на податоци, автоматизирано статистичко и аналитичко известување, како и следење на предметите низ целиот кривично-правен процес. Системот ќе овозможи следење на постапките од предистражните дејствија и кривичните пријави, преку обвинителските и судските постапки, до финансиските истраги и постапките за одземање и конфискација на имот, со што ќе се зајакнат координацијата и отчетноста на институциите. Државниот јавен обвинител Ненад Савески во обраќањето истакна дека прецизната, навремена и квалитетна информација е едно од најмоќните оружја во борбата и превенцијата на кривични дела. „Статистичките податоци, пак, треба да ни овозможат во секој момент да имаме детален преглед на трендовите на криминалитетот за навремено и успешно да ги пресретнуваме. Криминалот не познава граници, а криминалните структури дејствуваат брзо и ги користат најнапредните технологии. Затоа, и нашиот одговор не смее да биде бавен, изолиран и загалавен во бирократски лавиринти. Светот се менува, а со него мора да се менува и начинот на кој правосудните, полициските и воопшто државните органи соработуваат“, рече Савески. Со координирана и брза размена, смета обвинителот, ќе се спречат сите неточни и непроверени инфо

Шест државни институции потпишаа меморандум за заедничка платформа за размена на податоци во борбата против криминалот | FinPortal.mk

Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата з