Шасивари: Дигитализацијата на нотарските услуги ќе донесе побрзи постапки и помалку административни пречки
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерството за правда најавува реформи во областа на нотаријатот, со особен фокус на дигитализацијата на постапките и услугите и усогласување на законската регулатива со современите европски стандарди. Ова го соопшти министерот за правда Јетон Шасивари при отворањето на манифестацијата „Нотарски денови 2026“, организирана од Нотарската комора, која годинава се одржува на тема „Расправање оставина: помеѓу законската рамка и нотарската практика“. Во своето обраќање пред нотарската професионална заедница, министерот Шасивари го истакна значењето на нотаријатот како еден од столбовите на правниот систем и како гарант на правната сигурност на граѓаните. Тој нагласи дека работата на нотарите има директно влијание врз заштитата на сопственичките права, семејните односи и сигурноста на правните трансакции, поради што квалитетот на нотарските услуги е прашање од поширок јавен интерес. Според министерот, довербата на граѓаните е најголемиот капитал на институциите, а вршењето на нотарската професија, покрај правната стручност, бара интегритет, независност, професионална етика и високо ниво на одговорност. Тој посочи дека токму тие вредности се основата врз која граѓаните ја градат својата доверба во правниот систем и во институциите што го спроведуваат. Во делот посветен на претстојните реформи, Шасивари информираше дека Министерството за правда, во рамки на процесот на европска интеграција, ќе посвети особено внимание на унапредувањето на законската регулатива во областа на нотаријатот. Целта, како што рече, е таа регулатива да се усогласи со современите стандарди и со практиките што се применуваат во европските правни системи. Клучен дел од најавените реформи е дигитализацијата на постапките и услугите. Според министерот, дигитализацијата треба да овозможи побрзи постапки, помалку административни пречки, пониски трошоци, поголема транспарентност и полесен пристап на граѓаните до правните услуги. Тој нагласи дека токму овие цели се во центарот на напорите за модернизација