Шамбевски: Со коските на Самоил не може да се пренесат Охрид, Преспа и Самоиловата тврдина
FinPortal.mk · 1.10.2026 г.
Македонскиот политичар и дипломат Оливер Шамбевски реагираше на бугарската активност околу преземањето на коските на Цар Самоил од Грција, порачувајќи дека историската меморија не може да се премести со погребна поворка. Во реакцијата објавена на социјалните мрежи, Шамбевски, истакнат професор по македонска книжевност, поранешен пратеник и долгогодишен амбасадор на Македонија во повеќе земји, меѓу кои Италија и Кина, истакнува дека споменот на Царот Самоил е заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. „Неговите коски можете да ги преместите колку сакате, но планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег“, пишува Шамбевски во својата реакција. Тој потсетува дека коските на разни цареви, кралеви, војводи и светци низ вековите патувале, биле преместувани, биле отворани гробници, па враќани, дури и подарувани, крадени и изложувани по музеи. Како пример наведува дека египетски мумии и безброј египетски артефакти завршиле низ музеите на Европа, но никому не му паднало на ум дека со преминувањето на Медитеранот им се сменило потеклото, зашто историјата не функционира така. Според Шамбевски, моштите на Цар Самоил со децении беа во Грција, па тој не стана Грк. „Сега Грција ќе ги предаде на Бугарија. ОК… И што очекуваат? Изгледа, некој очекува дека коските ќе завршат работа што историјата упорно одбива да ја заврши“, пишува тој. Дипломатот посочува дека ако идејата е дека со свечено пренесување на нечии коски може да се нанесе некаков удар врз македонската историска меморија, тогаш навистина ѝ се припишува премногу моќ на една погребна поворка. Според него, тука има само еден проблем. „Со коските не може да се пренесе Охрид. Не може да се пренесе Преспа. Не може да се пренесе Самоиловата тврдина. Не може да се пресели Струмица, неговата одбранбена база во походот од 1014 година. А секако не може да се помести ни Беласица — онаа иста Беласица преку која византиската војска г