Северна Македонија на третото место во светот по раст на цените на становите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Цените на станбените недвижности во Северна Македонија продолжуваат да растат со темпо што ја сместува земјава на самиот врв на светската листа. Според податоците од првиот квартал на 2026 година, номиналниот годишен раст на цените на домовите кај нас изнесува 16,7 отсто, што нè позиционира како трет пазар во светот по интензитет на поскапување. Пред Северна Македонија на глобалната листа се наоѓаат само Турција со раст од 26,2 отсто и Унгарија со 21,4 отсто. Веднаш зад нас, во групата европски пазари со најизразено поскапување, се наредени Португалија со 16,5 отсто, Хрватска со 16,1 отсто и Бугарија со 14,8 отсто. Овие бројки ја потврдуваат сликата за регион во кој цените на недвижностите растат значително побрзо од глобалниот просек. Кога растот се гледа низ призмата на инфлацијата, сликата останува впечатлива. Реалниот раст на цените на становите во земјава изнесува околу 14,2 отсто, што е далеку над просекот на 55 следени пазари во светот, каде што истиот показател изнесува само 1,4 отсто. Иако дури 91 отсто од тие пазари забележале годишен номинален раст, нивното темпо е далеку поскромно од македонското. Податоците од Global House Price Index на консултантската куќа Knight Frank покажуваат дека во 2025 година цените на домовите во Северна Македонија пораснале за 22,6 отсто на годишно ниво. Тоа бил највисок номинален раст меѓу 55 следени станбени пазари во светот. За споредба, просечниот раст на цените на сите тие пазари изнесувал само 2,3 отсто, што значи дека македонскиот станбен пазар во тој период растел речиси десет пати побрзо од глобалниот просек. Ваквите бројки отвораат конкретно прашање за домашните услови: колку станот во Македонија станува недостапен за човекот кој живее од македонска плата? Растот на цените на становите веќе не е само тема за оние што сакаат да инвестираат во недвижности. Тој станува проблем за младите семејства, за оние што бараат прв дом и за луѓето кои немаат сопствено живеалиште. Државниот завод за статистика располага со посебна

Северна Македонија на третото место во светот по раст на цените на становите | FinPortal.mk

Цените на станбените недвижности во Северна Македонија продолжуваат да растат со темпо што ја сместува земјава на самиот врв на светската листа. Според податоци