FinPortal.mk

Серхио Рамос преговара со Хетафе за враќање во шпанскиот фудбал

Автор: Редакција на FinPortal.mk  · 
Серхио Рамос преговара со Хетафе за враќање во шпанскиот фудбал

Легендарниот шпански фудбалер Серхио Рамос би можел повторно да заигра во шпанското првенство, откако мадридскиот Хетафе започнал преговори за негово доведување во клубот. Ветеранот, кој има 40 години, веќе десет месеци е без клуб, откако во јануари си замина од мексиканскиот Монтереј.

Претседателот на Хетафе, Анхел Торес, ги потврди преговорите со искусниот дефанзивец. „Разговарав со неговиот агент, кој воедно е и негов брат. Тој е на нашата листа, би можел да ни се приклучи“, изјави Торес. Тој неодамна во клубот го доведе и уште една поранешна ѕвезда на Реал Мадрид, Дани Карвахал.

Рамос никогаш официјално не соопштил дека ја завршил кариерата. Откако летоска не најде ангажман, тој остана да чека нова шанса, а според шпекулациите, можно е таа да дојде токму од мадридскиот тим. Хетафе е клуб познат по својата цврста игра во одбраната, а со Карвахал и Рамос, дефанзивниот ред би добил значително искуство.

Рамос, кој сè уште е во добра физичка кондиција, пред да замине во Мексико играше за Севилја, а претходно ги носеше дресовите и на Пари Сен Жермен и на Реал Мадрид. Во Кралскиот клуб помина дури 16 години, што го прави еден од најпрепознатливите играчи во историјата на шпанскиот фудбал.

Хетафе вечерва игра градско дерби против Рајо Валјекано, натпревар кој дополнително ја зголемува вниманието околу клубот во периодот кога се водат преговорите за ангажман на искусниот стопер.