Серафимовски во Белград: Регионалната соработка мора да донесе посилни пазари и отпорност на климатските ризици

FinPortal.mk · 30.9.2026 г.

Регионалната соработка во земјоделството ќе се вреднува според конкретните промени и можности што ги создава за земјоделците, преку обезбедување посилни и подостапни пазари, поголема отпорност на климатските ризици и услови младите да ја градат својата иднина во руралните средини. Ова го порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во своето обраќање на 20-тиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, што се одржува во Белград, Република Србија. Во своето обраќање пред колегите од регионот, министерот Серафимовски нагласи дека европската интеграција останува стратешка определба на државата, а земјоделските политики се усогласуваат со Заедничката земјоделска политика на Европската Унија паралелно со зајакнувањето на институциите задолжени за нивно спроведување. Тој оцени дека токму овој процес на усогласување е основата врз која се гради долгорочната стабилност на земјоделскиот сектор и неговата конкурентност на европскиот пазар. Како значаен дел од реформскиот процес, министерот Серафимовски го издвои Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи, кој воспоставува системска рамка за организирање на производителите, пазарни стандарди, училишни шеми, пазарни информации и мерки за справување со големите нарушувања на пазарот. Според него, ваквата рамка треба да им овозможи на производителите постабилни услови за работа и подобра позиција при продажбата на своите производи. „Треба да се фокусираме подобро да го искористиме постојниот пристап до пазарот на ЕУ, преку поддршка на производителите во исполнувањето на европските барања, подобрување на сертификацијата и дигиталната документација, зајакнување на транспортот, складирањето и ладните синџири, како и намалување на непотребните задржувања на лесно расипливите производи на границите“, порача министерот Серафимовски. Тој оцени дека реформите, заедно со инвестициската поддршка преку ИПАРД, ќе ја зајакнат позицијата на произво

Серафимовски во Белград: Регионалната соработка мора да донесе посилни пазари и отпорност на климатските ризици | FinPortal.mk

Регионалната соработка во земјоделството ќе се вреднува според конкретните промени и можности што ги создава за земјоделците, преку обезбедување посилни и подос