Сер Алекс Фергусон раскажа за тешката борба по мозочното крварење: „Го загубив гласот и не можев да зборувам

FinPortal.mk · 2.10.2026 г.

Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, отворено проговори за најтешкиот период во својот живот — мозочното крварење што го доживеа во мај 2018 година, долгиот и мачен процес на опоравување и емотивното враќање на „Олд Трафорд“ само четири месеци по итната операција. Во големо интервју за „Би-Би-Си“, Шкотланѓанецот призна дека првото враќање на стадионот по здравствената драма било исклучително емотивно и застрашувачко. „Бев преплашен. Би сакал да кажам дека ми беше пријатно, но не беше“, откри Фергусон. Тој во мај 2018 година, пет години откако ја заврши тренерската кариера, итно беше опериран по мозочно крварење. Само четири месеци подоцна се појави на натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Вулверхемптон на „Олд Трафорд“. Навивачите го пречекаа со овации, а покрај него беше неговата сопруга Кети, која почина во 2023 година. „Не знаев каква ќе биде реакцијата. Потоа ме најавија и, се разбира, следеше силен аплауз. Сопругата беше со мене и речиси заплака. Кога седнавме, ми рече: ‚Ова е фантастично‘. Тоа зборува за великодушноста на нашите навивачи и за тоа што го препознаа времето кое го поминав таму“, раскажа Фергусон. Особено тежок бил периодот непосредно по операцијата. Фергусон откри дека во еден момент целосно ја изгубил способноста да зборува. „Го изгубив гласот. Не можев да зборувам. Тоа беше застрашувачки момент“, раскажа легендарниот тренер. Тој се присети и на посетата на неговите внуци во болницата. „Се сеќавам дека внуците дојдоа да ме посетат, а јас немав глас. Потоа доведоа терапевтка и таа започна да работи со мене. Ме бараше да ги запишувам имињата на птици, животни и реки. Така ми се врати гласот“, откри Фергусон. Фергусон и претходно зборуваше за сериозноста на неговата состојба. По крварењето итно беше опериран во болницата „Салфорд Ројал“, а подоцна призна дека се плашел и дека би можел да го изгуби помнењето. Денес вели дека, и покрај помалите здравствени проблеми, се чувствува добро. „Се чувствувам прилично добро, и покрај

Сер Алекс Фергусон раскажа за тешката борба по мозочното крварење: „Го загубив гласот и не можев да зборувам | FinPortal.mk

Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, отворено проговори за најтешкиот период во својот живот — мозочното крварење што го доживеа во ма