СЕПА по една година: над 5 милиони евра заштеда за граѓаните и компаниите, надоместоците намалени и до девет пати
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Народната банка денес, на 7 октомври, одбележува една година од оперативното приклучување на Македонија кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА. Според централната банка, станува збор за историски чекор кон модернизација и европска интеграција на домашниот платен систем, кој веќе дава конкретни и видливи придобивки за граѓаните, за бизнис-заедницата и за економијата во целина. Клучната придобивка од пристапувањето кон СЕПА е унапредувањето на прекуграничните плаќања во евра со 40 земји членки на оваа област. Тоа им овозможува на граѓаните и на компаниите побрзо, поедноставно и значително поевтино извршување на плаќањата, под услови споредливи со оние во Европската Унија. Според процените на Народната банка, како резултат на интеграцијата во СЕПА досега се остварени заштеди од над 5 милиони евра. Заклучно со септември 2026 година, преку СЕПА се реализирани повеќе од 581 илјада трансакции, чијашто вкупна вредност достигнува околу 11 милијарди евра. Народната банка наведува дека надоместоците за плаќањата преку СЕПА се намалени и до шест пати за граѓаните и до девет пати за компаниите, споредено со моделот на кореспондентно банкарство. Од централната банка очекуваат овие заштеди да продолжат да растат како што напредува преминот кон каналот СЕПА, што создава можности за нови инвестиции кај компаниите, особено во рамките на малите и на средните претпријатија, и обезбедува директна поддршка на расположливиот доход на домаќинствата. Од Народната банка велат дека за помалку од една година од пристапувањето, СЕПА прераснала во водечки канал за извршување и прием на прекуграничните плаќања во евра, достапен преку секоја домашна банка. Податоците покажуваат дека заклучно со септември 2026 година, учеството на трансакциите преку СЕПА во вкупниот број прекугранични трансакции за прилив и одлив во евра достигна 69 отсто. Речиси подеднакво е учеството кај прекуграничните трансакции и за одлив, со 67 отсто, и за прилив, со 70 отсто. Тоа укажува на фактот дека граѓаните и