Семејното насилство остава тешки последици: 101 лице побарало психијатриска помош за седум месеци
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Бројот на пациенти кои побарале психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство бележи пораст, покажуваат податоците на ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија. Во првите седум месеци од 2026 година евидентирани се 101 случај, наспроти 79 случаи во текот на целата 2025 година. До овие податоци психијатрите дошле преку ретроспективна анализа на електронските здравствени записи во системот „Мој термин“, за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година. Анализата ги опфатила дијагнозите F43, кои се однесуваат на растројства поврзани со стрес, со цел да се идентификуваат случаите поврзани со семејно или партнерско насилство. Медицинската евиденција ја презентираше проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026, која викендов се одржува во Охрид. Според податоците, најмногу случаи во 2026 година биле регистрирани во март, кога биле евидентирани 27 пациенти, потоа во април со 23 и во јуни со 21 случај. Овој период се совпаѓа со трагичниот настан во Скопје, кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон, по долготрајно претрпено семејно насилство. Проф. д-р Арсова појасни дека податоците од Клиниката се однесуваат на случаи евидентирани во медицинската документација и не мора автоматски да значат дека насилството во општеството е зголемено. Промените може да се должат и на подобро препознавање и документирање на насилството, почесто упатување пациенти или поголема ажурност на институциите при постапувањето во вакви случаи. Анализата покажала дека психолошките последици од семејното или интимно-партнерското насилство, меѓу кои акутниот одговор на стрес, посттрауматското растројство и тешкотиите во приспособувањето, се присутни кај пациенти од различни возрасни групи. Просечната возраст на пациентите опфатени со анализата, спор